УТРО.мк

Мицкоски го пречека Пленковиќ во Охрид: Македонија и Хрватска ја зајакнуваат соработката

Мицкоски го пречека Пленковиќ во Охрид: Македонија и Хрватска ја зајакнуваат соработката
Vero

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска престојува во официјална посета на Македонија, каде што на аеродромот во Охрид беше пречекан од македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Средбата, како што истакна Мицкоски во објава на социјалните мрежи, претставува уште една потврда за пријателските односи меѓу двете земји и за заедничката посветеност кон европските вредности и регионалната стабилност.

По свечениот пречек, програмата на посетата продолжува со тет-а-тет разговор меѓу двајцата премиери во премиерската вила, по што е предвидена и поширока меѓувладина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“, закажана за 11:15 часот.

Во текот на денот се очекува и потпишување на неколку документи за стратешка соработка, меѓу кои и меморандум за разбирање помеѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.

Посетата ќе биде заокружена со заедничка прес-конференција на Мицкоски и Пленковиќ во 12:30 часот, а паралелно е планиран и бизнис-формат состанок на кој ќе учествуваат претставници и сопственици на компании од двете држави, со цел продлабочување на економската соработка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран