
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98изнесува 89,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 94,00 денари/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 92,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,330 денари/килограм, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,144 денари/килограм.
Од 27.05.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар);
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар);
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар);
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар);
- Мазут М-1 НС 51,144 (денари/килограм).















