УТРО.мк

(ВИДЕО) Драма во САД: Експлодираше ракетата на Илон Маск – Камерите го снимија моментот на несреќата

(ВИДЕО) Драма во САД: Експлодираше ракетата на Илон Маск – Камерите го снимија моментот на несреќата
Vero

Ракетата Starship 36 на компанијата SpaceX доживеа силна експлозија за време на статички огнен тест во базата Бока Чика во Тексас, предизвикувајќи спектакуларен пожар и густ облак од чад што се издигна високо во ноќното небо.

Инцидентот се случил околу 23 часот по локално време, за време на рутинска процедура во рамки на подготовките за претстојно лансирање. Иако ракетата не била предвидена за полетување, туку била цврсто прицврстена за лансирната рампа, дојде до силна експлозија во горниот дел од конструкцијата.

Камерите го забележаа моментот на експлозијата

На снимките што брзо станаа вирални на социјалните мрежи, се гледа моментот кога врвот на ракетата експлодира, проследен со силен блесок што го засветлува екранот, а потоа следи огромна огнена топка и црн чад.

Според американските медиуми, во тестирањето учествувале меѓу 25 и 30 мотори. Просторот бил осигуран и подготвен за ваков тип тест, но експлозијата сепак предизвикала сериозни вознемирувања.

Локалното население потресено – оштетени прозорци и земјотресни вибрации

Силната детонација ги вознемири жителите на околните населби. Според локалниот портал ValleyCentral, многумина пријавиле дека почувствувале потреси, се треселе прозорците, а од тресењето ѕвонеле садовите во кујните. Засега нема информации за повредени, но штетите на околната инфраструктура сè уште се проценуваат.

Втора експлозија за кратко време

Овој инцидент доаѓа само неколку недели по претходната несреќа, кога друга верзија на Starship експлодираше над Индискиот Океан за време на неуспешен тест на повторно влегување во атмосферата. Тогаш, според Fox News, биле отстранети 100 термоизолациски плочки со цел да се испита издржливоста на системот.

SpaceX: „Ова не е неуспех – учиме од секоја грешка“

Компанијата на Илон Маск го потврди инцидентот, но нагласи дека станува збор за дел од планирано екстремно тестирање со цел собирање на податоци за подобрување на идните мисии.

„Кај вакви тестови, успехот не значи отсутство на грешки, туку извлекување на поуки. Овој тест ќе помогне Starship да стане побезбедна и понадежна ракета“, соопштија од SpaceX.

Маск најави дека темпото на лансирања ќе се забрза и дека во следните неколку месеци ќе следат најмалку уште три тестирања, со интервал од три до четири недели меѓу секое.

Starship останува клучен за мисиите кон Месечината и Марс

И покрај предизвиците, вклучувајќи експлозии, технички дефекти и одложувања, SpaceX не отстапува од амбицијата да создаде првa целоснa повеќекратнa употреблива ракета што ќе може да пренесува луѓе до Месечината, Марс и подалеку.

„Развојните тестирања по својата природа се непредвидливи. Но токму преку чести лансирања и работа во реални услови, брзо учиме и го приспособуваме дизајнот“, додаваат од компанијата.

Ship 36 experiences a RUD at Massey’s during testing prior to Starship Flight 10. Seen in slow motion.Continue to watch live:https://t.co/wL0tTdxtla:@NASASpaceflightpic.twitter.com/sSy72p79fM— D Wise (@dwisecinema)June 19, 2025

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран