УТРО.мк

Џеф Безос најави гигантски проекти во вселената

Џеф Безос најави гигантски проекти во вселената
Vero

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, најави амбициозен план за изградба на гигантски центри за податоци во вселената во наредните 10 до 20 години, со цел тие со време да ги надминат сите постоечки центри на Земјата.

На „Italian Tech Week“ во Торино, во разговор со претседателот на „Ферари“ и „Стелантис“, Џон Елкан, Безос изјави дека вселенските центри ќе користат постојан извор на соларна енергија, што ќе им овозможи да бидат поефикасни и поодржливи од земјените центри.

„Тешко е точно да се каже кога, но веројатно за повеќе од десет години – а сигурен сум дека нема да поминат повеќе од дваесет – ќе започнеме со изградба на овие огромни гига-ватни центри за податоци во вселената“, рече Безос.

Според извештајот на „Reuters“, идејата за вселенски центри за податоци сè повеќе привлекува внимание на големите технолошки компании, бидејќи потребата за енергија и вода за ладење на серверите на Земјата постојано расте.

„Овие гигантски кластер-центри е подобро да се градат во вселената, бидејќи таму имаме соларна енергија 24 часа на ден, седум дена во неделата. Без облаци, без дожд, без бура – тоа значи дека ќе можеме значително да ги намалиме трошоците во споредба со центрите на Земјата“, објасни Безос.

Според него, вселенските центри за податоци би можеле да станат клучна инфраструктура за иднината, особено со оглед на експоненцијалниот раст на вештачката интелигенција и cloud-технологиите кои бараат сè поголеми пресметувачки капацитети.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран