УТРО.мк

Apple и Intel блиску до голема соработка: Дел од чиповите за iPhone ќе се произведуваат во САД

Apple и Intel блиску до голема соработка: Дел од чиповите за iPhone ќе се произведуваат во САД
Vero

Американските технолошки компании Apple и Intel постигнале прелиминарен договор според кој Intel би произведувал дел од чиповите за уредите на Apple, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.

Според информациите, разговорите меѓу двете компании траеле повеќе од една година, а клучните детали од договорот биле усогласени во последните месеци. Веста веднаш влијаеше врз берзите, па акциите на Apple пораснаа за околу два проценти, додека акциите на Intel забележаа скок од дури 14 проценти.

Договорот се смета за значаен чекор за Intel, кој во изминатиот период работи на зајакнување на своето производство на полупроводници и враќање на лидерската позиција во индустријата за чипови.

Минатиот месец Intel најави и партнерство со компании поврзани со милијардерот Elon Musk за производство на процесори за проектот „Terafab“.

Засега не е познато за кои конкретни производи на Apple ќе бидат наменети чиповите што би ги произведувал Intel, но аналитичарите оценуваат дека ваквата соработка би можела значително да влијае врз глобалниот пазар на полупроводници.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран