
Постои едноставен трик со кој можете значително да го забрзате полнењето на мобилниот телефон – доволно е да го вклучите „режимот на летање“ (Airplane mode).
Со активирање на оваа опција, телефонот автоматски ги исклучува мобилната мрежа, Wi-Fi, Bluetooth и GPS, што значи дека уредот троши помалку енергија додека се полни.
Според тестирања, на овој начин батеријата може да се наполни и до 25–40 проценти побрзо, особено ако уредот воопшто не се користи додека е приклучен на полнач.
Експертите советуваат за најбрзо полнење:
вклучете „режим на летање“
Не користете го телефонот додека се полни
користете оригинален полнач























