УТРО.мк

Малолетник со „Мерцедес“ без дозвола дивеел кај Тетово, се обидел да прегази полицајци

Малолетник со „Мерцедес“ без дозвола дивеел кај Тетово, се обидел да прегази полицајци
Vero

На 21.02.2026 година во 23.00 часот, на локалниот пат кон село Сетоле, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 16-годишно малолетно лице од село Слатино.

При сообраќајна контрола било утврдено дека малолетникот управувал патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблички, без да поседува возачка дозвола.

Според информациите, претходно во село Непроштено, при обид за запирање од страна на полициски службеници од Полициското одделение Теарце, малолетникот не застанал на даден знак, туку со голема брзина удрил во електричен ормар сопственост на ЕВН, по што се обидел да ги прегази полициските службеници.

Лицето е задржано во полициска станица заедно со возилото, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот согласно член 297-а и член 288 од Кривичниот законик.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран
Dobivka od 1 Milion
Green Machines

Најнови вести

Mega Milioner
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija