УТРО.мк

БОЛКА БЕЗ КРАЈ: Родителите од Кочани бараат правда – „Системот не убива по втор пат, Колку уште да чекаме?“

БОЛКА БЕЗ КРАЈ: Родителите од Кочани бараат правда – „Системот не убива по втор пат, Колку уште да чекаме?“
Vero

Болката не стивнува, а трпението е на издишување – родителите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно испратија силна порака дека правдата не смее да доцни.


На последните собири и маршеви, семејствата нагласија дека одолговлекувањето на судските постапки и истрагите ја продлабочува нивната болка и ја руши довербата во институциите. „Во трагедија од вакви размери, секое доцнење е неправда“, порачаа родителите, барајќи конкретни рокови, одлуки и одговорност.


Тие посочуваат дека со месеци слушаат дека постапките се „во завршна фаза“, но без конкретен исход. Особено незадоволство има поради бавноста во делот што се однесува на истрагите за полициски службеници и институционалната одговорност.


Судењето за трагедијата, во која животот го загубија 63 лица, продолжува со сослушување сведоци, додека семејствата секое рочиште го доживуваат како ново отворање на раните. Во судницата се слушаат потресни сведоштва, а обвинетите често молчат со наведнати глави, додека родителите со солзи бараат одговори за тоа што се случило кобната ноќ.


Паралелно со судскиот процес, протестните маршеви продолжуваат, со порака дека нема да се откажат додека не се утврди целосната одговорност – и индивидуална и институционална.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран