УТРО.мк

(ВИДЕО) Запален Range Rover во Струмица: Неофицијално се поврзува со поранешен инспектор во МВР

(ВИДЕО) Запален Range Rover во Струмица: Неофицијално се поврзува со поранешен инспектор во МВР
Vero

Автомобил изгоре во вечерните часови во Струмица, во близина на поранешниот објект „Симпо“, откако избувнал пожар кој целосно го зафатил предниот дел од возилото.


На местото веднаш интервенирала противпожарна екипа, која го локализирала огнот, а увид извршиле и надлежните служби.


Засега нема официјални информации за причините за пожарот, но според првичните сознанија се разгледува можноста дека станува збор за намерно подметнат оган.


Во јавноста се појавија неофицијални информации дека возилото се поврзува со поранешен инспектор во Министерството за внатрешни работи, но од институциите засега нема потврда за ова.


Ќе се анализираат и снимките од надзорните камери во околината со цел да се утврди како настанал пожарот и дали има елементи на кривично дело.


Истрагата е во тек, а од МВР се очекуваат повеќе детали.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран
Dobivka od 1 Milion
Green Machines

Најнови вести

Mega Milioner
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija