УТРО.мк

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ХОРОРОТ ВО КУМАНОВСКО: Отворени пет случаи на убиства –  Истрагата проверува и елементи на сексуално насилство

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ХОРОРОТ ВО КУМАНОВСКО: Отворени пет случаи на убиства –  Истрагата проверува и елементи на сексуално насилство
Vero

86-годишната Росанка Трајковска од селото Челопек денес живее во страв, но и со олеснување – човекот кој брутално ја нападнал во нејзиниот дом е во притвор. Иако поминаа две недели од нападот, модринките на нејзините раце сè уште сведочат за жестоката борба за живот.


Таа живее со својот син Јовица, кој на 9 февруари бил на работа кога насилникот влегол во куќата. Според неговите зборови, напаѓачот се исплашил од ненадеен тропот и побегнал, оставајќи ја Росанка тешко повредена и во крв.


Истражителите тврдат дека токму овој напад помогнал да се открие осомничениот, по смртта на 78-годишната Мира С. од селото Старо Нагоричане. Таа била пронајдена на 12-ти овој месец во својот дом – претепана и задушена со перница. Живеела сама и била пензионерка од Австрија, а првичните сомнежи укажуваат и на грабеж.


Полицијата уапси 25-годишник од соседното село Драгоманце, но по распитот се појавиле сомнежи дека тој може да биде поврзан со повеќе убиства.


Според информации од истрагата, во моментов се преиспитуваат пет смртни случаи – три од оваа и два од минатата година. Заедничко за сите жртви е што биле повозрасни жени, пронајдени мртви во своите домови, сами и делумно соблечени. Во ниту еден од случаите претходно не била направена обдукција, бидејќи не биле утврдени очигледни траги на насилство.


Истражните извори посочуваат дека, покрај мотивот за кражба, се проверуваат и индиции за дополнително понижување на жртвите, што отвора сомнежи дека нападите имале и други, потешки елементи. Овие наводи се дел од тековната постапка и засега не се официјално потврдени.
Истражителите не ја исклучуваат можноста бројот на жртви да е поголем.


Единствената помлада жртва е 37-годишна жена од Нагоричане, пронајдена мртва во јануари. Таа била погребана по претпоставка дека смртта настанала од предозирање со алкохол, но жителите уште тогаш изразиле сомнежи. Сега обвинителството побара ексхумација и обдукција.


Села поврзани со ист осомничен
Старо Нагоричане, Челопек, Драгоманце и Клечовце се селата што ги поврзува осомничениот, кој, според мештаните, бил познат по ситни кражби и често се движел со велосипед.


Од полицијата и обвинителството засега не откриваат официјални детали, но потврдуваат дека ќе се испитува дали имало пропусти при затворањето на претходните случаи со починати жени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран