
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Според информациите од полицијата, пријавениот надвор од работното време се упатил кон продажен објект во кој бил вработен. Користејќи клуч кој го поседувал, тој влегол во објектот и одзел пари.























