УТРО.мк

Полициска акција во Тиквешијата: 11 пијани возачи исклучени од сообраќај, две лица приведени

Полициска акција во Тиквешијата: 11 пијани возачи исклучени од сообраќај, две лица приведени
Vero

Во текот на ноќта меѓу 20 и 21 февруари 2026 година, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола на подрачјето на СВР Велес, односно ОВР Кавадарци, со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила.

Во рамки на контролата биле изречени вкупно 20 мерки за сторени прекршоци, при што дури 11 возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. Тие биле санкционирани и веднаш исклучени од сообраќај.

Покрај тоа, две лица се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно Кривичниот законик, а на две лица им се одземени моторните возила. Дополнително, санкционирани се уште девет возачи за други сообраќајни прекршоци.

Паралелно со оваа акција, на територија на целата држава, полицијата лишила од слобода 11 лица. Девет од нив управувале возила без возачка дозвола, додека две лица биле затекнати зад волан под дејство на алкохол.

Меѓу санкционираните има возачи од повеќе градови, меѓу кои Тетово, Кавадарци, Скопје, Дојран, Гевгелија и Струга. Особено загрижувачки е случајот со двајца возачи од Кочани, кај кои биле измерени 1,83 и 2,91 промили алкохол во крвта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран