УТРО.мк

Зеленски со нови закани за Русија

Зеленски со нови закани за Русија
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, информирајќи за средбата преку социјалната мрежа X. Тој и се заблагодари за, како што ја нарече, нејзината јасна поддршка за Украина, која Фон дер Лајен ја претстави во својот говор во Европскиот парламент.

Зеленски нагласи дека Европската унија и Украина имаат усогласен став: санкциите против Русија мора да бидат дополнително заострени сѐ додека Москва „ги отфрла сите мировни напори“. Истовремено, тој истакна дека е неопходно да продолжи и одбранбената и финансиската поддршка за Украина.

Една од клучните теми било прашањето за замрзнатите руски средства, чиј значителен дел се наоѓа во земји-членки на ЕУ. Според Зеленски, во тек се интензивни разговори за можноста овие средства да се искористат за финансирање на украинската одбрана.

„Разговаравме и за актуелната дипломатска ситуација и за чекорите што ги презема Европската унија за донесување одлука за употреба на замрзнатите руски средства“, изјави Зеленски по средбата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран