Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот лидер Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во билатерален или трилатерален формат, без никакви предуслови – но не во Москва.
Во интервју за Sky News тој нагласи дека е „спремен за состанок без услови“, но дека разговорите може да се одржат во било која земја, освен во Русија. Зеленски потврди и дека Киев е подготвен за прекин на огнот, додавајќи дека се надева на посредништво од Вашингтон.
Путин претходно порача дека го очекува Зеленски во Москва, додека Трамп призна дека погрешил кога мислел дека може брзо да го заврши војниот конфликт, наведувајќи ја длабоката нетрпеливост меѓу двајцата лидери како главна причина.