Рускиот главен напад е насочен кон градот Покровск во Донецката област, каде што се водат жестоки борби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во своето вечерно обраќање, тој нагласи дека токму таму се концентрирани најсилните руски единици и дека Покровск е нивна главна цел. „Секој успех на нашите сили во овој правец е успех за цела Украина“, рече Зеленски.
Според украинските извори, за само еден ден биле забележани 101 борбен судир, а руските сили најинтензивно напаѓаат во правците на Костјантиновка и Покровск, со зголемена активност и во Александаривка.































