УТРО.мк

Закани од Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел

Закани од Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
Vero

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи, денеска изјави дека Техеран ги информирал европските и другите земји дека ќе бидат легитимни цели на иранските напади ако се приклучат на војната против Иран, на страната на САД и Израел.

„Техеран веќе ги информираше Европејците и сите други дека треба да бидат внимателни и да не се приклучат на оваа агресивна војна против Иран. Доколку која било земја им се придружи на САД и Израел во агресијата против Иран, таа ќе биде легитимна цел на иранска одмазда“, рече Тахт-Раванчи во интервју.

Тој потврди дека Иран напаѓа курдски групи во соседен Ирак, по објавувањето на извештаите дека ЦИА и Мосад ги вооружуваат овие групи.

„Доколку има потреба да се заштити нашиот суверенитет, дефинитивно ќе го сториме тоа“, нагласи Тахт-Раванчи.

Извор: Курир.мк

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран