УТРО.мк

Жестоки експлозии во Техеран – гори аеродромот, Иран возвраќа со ракети кон Израел

Жестоки експлозии во Техеран – гори аеродромот, Иран возвраќа со ракети кон Израел
Vero

Силни експлозии утрово го потресоа главниот град на Иран, Техеран, откако започна нов бран воздушни напади во рамки на ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел.

Според сведоци, експлозиите се случиле во близина на една од главните комерцијални писти на аеродромот, каде што се запалил и авион. Иранските власти соопштија дека нападите се дел од нова офанзива, а Техеран возвратил со лансирање ракети кон Израел.

Израелската армија соопшти дека започнала голема операција против цели во Техеран, наведувајќи дека нападите се одговор на иранските ракетни лансирања. Системите за противвоздушна одбрана успеале да пресретнат дел од проектилите.

Конфликтот трае веќе осум дена и продолжува да се интензивира. Жителите на Техеран велат дека ноќта била една од најтешките досега, со напади кои се повторуваат на секои неколку часа.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да има договор со Иран освен „безусловна предавање“. Тој додаде дека по евентуална капитулација, Иран би требало да избере нов лидер кој ќе биде прифатлив за САД.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент соопшти дека во тек е „најголемата кампања на бомбардирање“ во рамките на овој конфликт.

Паралелно со нападите врз Иран, ситуацијата се влошува и во Либан, каде што од почетокот на израелските операции загинале најмалку 217 лица, а силни експлозии се регистрирани и во главниот град Бејрут.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран