
На Меѓународниот аеродром Скопје, царинските службеници, при контрола на странски патник, кој патувал за Лондон, откриле 150 илјади британски фунти што не биле пријавени според законските обврски.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му се вратени девизи во вредност до 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 фунти се привремено задржани.
Против него е поднесена прекршочна пријава.
Царинската управа постојано работи на спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина и борба против финансискиот криминал.























