УТРО.мк

Вонредна состојба во 16 држави во САД, Трамп: Чувајте се и останете на топло!

Вонредна состојба во 16 држави во САД, Трамп: Чувајте се и останете на топло!
Vero

Соединетите Американски Држави се соочуваат со еден од најсилните студени бранови оваа зима, поради што во најмалку 16 сојузни држави е прогласена вонредна состојба. Претседателот Доналд Трамп изјави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) е целосно подготвена да реагира на очекуваната зимска бура.

Преку својата социјална мрежа Truth Social, Трамп информираше дека администрацијата е во постојана координација со државните и локалните власти и упати апел до граѓаните: „Чувајте се и останете на топло!“.

Според метеоролошките служби, бурата ќе донесе обилни снежни врнежи, замрзнат дожд и екстремно ниски температури, кои ќе зафатат околу две третини од источниот дел на земјата. Се очекуваат сериозни нарушувања во снабдувањето со електрична енергија, како и значителни проблеми во патниот и воздушниот сообраќај, објави Ројтерс.

Големите американски авиокомпании веќе ги предупредија патниците за можни доцнења и откажувања на летови поради наглите временски промени.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран