УТРО.мк

Во САД се трага по убиецот на Чарли Кирк

Во САД се трага по убиецот на Чарли Кирк
Vero

Лов на убиецот на Чарли Кирк: 100.000 долари награда за информации

Американските власти повеќе од едно деноноќие трагаат по напаѓачот кој го усмрти конзервативниот активист Чарли Кирк и потоа исчезна во шумската област.

Безбедносните камери снимиле лице кое се симнува од покрив и трча по улица, а федералните истражители објавија фотографии од осомничениот, надевајќи се на помош од јавноста. За информации што ќе доведат до негово апсење е распишана награда од 100.000 долари.

„Сакаме да бидеме сигурни дека видеото и фотографиите ќе добијат што е можно поголемо внимание, за да ја добиеме неопходната помош од јавноста во фаќањето на ова зло суштество“, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.

Истражителите веќе пронашле траги – отпечатоци од дланка и обувки, како и моќна ловна пушка во близина на патеката по која побегнал осомничениот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран