УТРО.мк

„Во која руска лага да веруваме?“

„Во која руска лага да веруваме?“
Vero

Шефот на полската дипломатија: „Во која руска лага да веруваме?“

Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, остро реагираше на контрадикторните тврдења од Москва околу упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор.

„Руската влада тврди дека дроновите по грешка навлегле во Полска, а амбасадорот на Русија во ОН изјави дека тие физички не можеле да стигнат дотаму. Во која руска лага да веруваме?“, напиша Сикорски на социјалната мрежа Икс.

По иницијатива на Полска, во петок навечер беше одржана вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, на која се дискутираше за нарушувањето на полскиот воздушен простор. Ова е првпат токму Полска да биде директна причина за вакво заседание, иако претходно учествуваше во дебатите за руската агресија врз Украина.

Според Канцеларијата на полскиот претседател, 21 руски дрон ја преминал полската граница, иако претходните извештаи говореа за 19 летала.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран