УТРО.мк

Шок во САД: Директорот на FBI на сослушување поради убиството на Кирк

Шок во САД: Директорот на FBI на сослушување поради убиството на Кирк
Vero

Директорот на FBI, Каш Пател, ќе се појави пред американскиот Конгрес на сослушуваењ за истрагата околу убиството на Чарли Кирк. Повикот доаѓа поради наводни пропусти на агенцијата и неточна објава дека осомничениот е веќе во притвор.

Пател ќе одговара пред Сенатот и Претставничкиот дом за тоа како FBI ја водел истрагата, а демократите најавија прашања и за други контроверзии, вклучително смена на високи службеници поради наводен политички притисок, промени во приоритетите на агенцијата и истраги поврзани со барања од претседателот Доналд Трамп.

Трамп претходно го пофали Пател за брзината со која беше идентификуван и уапсен осомничениот Тајлер Робинсон. Сепак, локалните власти потоа демантираа дека осомничениот веднаш бил притворен, откако двајца приведени беа ослободени и инцидентот сè уште траел.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран