УТРО.мк

Во израелските напади во Газа убиени 50 Палестинци

Во израелските напади во Газа убиени 50 Палестинци
Vero

Најмалку 50 лица, меѓу кои 22 деца и неколку жени, се убиени, а околу 200 се повредени во серија израелски напади врз Појасот Газа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Газа.

Портпаролот Махмуд Басал изјави дека нападите претставуваат „јасно прекршување на договорот за прекин на огнот“ и ја опиша состојбата како „катастрофална“.

Израелската војска соопшти дека еден нивни војник загинал во борбите на југот на Газа, по што премиерот Бенјамин Нетанјаху наредил „силни воздушни напади“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето „не е загрозено“ и го поддржа израелскиот одговор, велејќи: „Ако Хамас не се однесува пристојно, ќе биде ликвидиран.“

Хамас, пак, негираше одговорност за нападот и соопшти дека останува посветен на договорот за прекин на огнот, кој стапи во сила на 10 октомври со поддршка од САД.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран