Срцевите заболувања се водечки причинител на смртност во светот. Тие често се развиваат бавно и без драматични симптоми, но ако се откријат навремено, можат да се лечат. Особено треба да внимаваат лица над 40 години, како и оние со висок крвен притисок, дијабетес, зголемен холестерол или семејна историја на срцеви болести.
Клучни симптоми според васкуларниот хирург д-р Сумит Кападија:
Болка или стегање во градите: Чувство на притисок, тежина или печење кој се шири во раце, рамена, вилица или грб. Болката при активност која исчезнува во мирување може да е знак за ангина, а болката која продолжува во мирување може да укажува на срцев удар.
Краток здив и хроничен замор: Недостаток на кислород во крвта го оптоварува организмот, што може да се манифестира како ненадеен замор или потешкотии при лесни напори.
Грчеви или болка во нозете при одење: Можен знак за периферна артериска болест; болката исчезнува при одмор.
Слабост во екстремитетите: Недостаток на кислород може да предизвика трнење, студ или слабост во рацете и нозете.
Бавно зараснување на рани и промена на бојата на кожата: Лошата циркулација го одложува опоравокот, а ладни, бледи или сино обоени екстремитети сигнализираат на проблем со крвниот проток.
Навремена медицинска проверка е клучна за спречување сериозни компликации.































