УТРО.мк

Сите ќе заборават на Украина и Газа кога ќе започне оваа војна: Дали светот се подготвува за најлошото?

Сите ќе заборават на Украина и Газа кога ќе започне оваа војна: Дали светот се подготвува за најлошото?
Vero

Се отвора нов голем конфликт: САД се закануваат со интервенција во Венецуела

Конгресменката на САД од Демократската партија, Рашида Тлаиб, го обвини претседателот Доналд Трамп дека планира воена операција во Венецуела со цел соборување на претседателот Николас Мадуро. Таа истакна дека никој не треба да има моќ да „едноставно убива луѓе“ во Карибите.

Трамп порано изјави дека САД ќе го „убиваат секој што внесува дрога во земјата“, а портпаролката на Белата куќа потврди дека претседателот е подготвен да ги искористи сите елементи на американската моќ, вклучително и воена интервенција во Венецуела.

Американски воени бродови, вклучувајќи ракетен крстосувач и нуклеарна подморница, веќе се испратени кон венецуеланските брегови, што Каракас го нарече провокација и обид за дестабилизација на регионот. Во септември и октомври, американската војска уништи чамци што, според нив, превезувале дрога, при што загинаа 27 луѓе.

Претседателот на Колумбија, Густаво Петров, го обвини Вашингтон дека сака да ја контролира венецуеланската нафта и дека САД го прекршуваат меѓународното право.

Во Конгресот расте загриженост дека операциите би можеле да се префрлат и на копното, што би барало официјално објавување на војна. Критичарите предупредуваат дека САД се на работ на нов карипски конфликт со потенцијални глобални последици.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран