Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изнесе план за постигнување мир и стабилност во Европа, во кој посебно се предвидува развивање на односите и со Русија и со Украина.
„Нашата визија за мир и стабилност во Европа: Европа мора директно да преговара со Русија — мораме да имаме право на глас, Украина треба да биде стратешки партнер, а не членка на ЕУ, треба да се минимизира финансирањето на Украина и ресурсите да се задржат дома, како и да се почитува изборот на секоја земја кога станува збор за енергентите“, напиша Орбан на X.
Претходно, Орбан повика на лидерите на ЕУ да следат примерот на САД и да започнат директни преговори со Русија за да се најде решение за конфликтот во Украина и да се создаде нов европски безбедносен систем.
Тој истакна дека Унгарија нема да дозволи забрзано членство на Украина во ЕУ и нема да ја поддржи прекумерната финансиска помош за Киев.
Орбан додаде дека Унгарија ќе го брани правото да добива нафта и гас од Русија.































