
Руската инфлуенсерка и блогерка Викторија Бонја привлече големо внимание откако објави видео во кое упати критики кон руските власти и состојбата во земјата.
Во своето обраќање, таа зборува за, како што тврди, недостиг на отвореност кај политичарите, гувернерите и јавните личности за проблемите со кои се соочува Русија, меѓу кои ги спомнува економските тешкотии, растот на цените и управувањето со кризи. Иако не упатува директен напад кон претседателот Владимир Путин, таа сугерира дека тој е опкружен со луѓе кои не ја прикажуваат реалната состојба во државата.
„Народот во Русија се плаши, уметниците се плашат, се плашат и гувернерите. Дали знаете што значи тој страв? Луѓето да престанат да се плашат и да бидат како напрегната пружина која еден ден ќе пукне“, порача Бонја.
Од Кремљ реагираа на нејзините изјави, наведувајќи дека се запознаени со критиките и дека работат на решавање на постоечките проблеми, но ги отфрлија тврдењата дека претседателот Путин е „одделен од реалноста“.
Политички аналитичари оценуваат дека ваквите пораки може да одразуваат зголемено незадоволство во руското општество, поврзано со економската состојба и политичките околности. Дел од нив, сепак, сметаат дека јавните критики од познати личности понекогаш може да имаат и контролирана функција во јавниот простор.
View this post on InstagramA post shared by Виктория Боня (@victoriabonya)























