УТРО.мк

Тешка сообраќајка во Скопје – има повредени лица

Тешка сообраќајка во Скопје – има повредени лица
Vero

На 17.04.2026 година во 14:15 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лазар Трповски“ во Скопје, во која учествувале патничко возило и мотоцикл.

Според пријавеното, несреќата се случила помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.А. (40) од село Матејче, липковско, и мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С. (20) од Скопје. Во инцидентот било оштетено и паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.А. (49) од село Глуво, скопско.

Во несреќата, мотоциклистот А.С. се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Неговиот сопатник се здобил со телесни повреди и бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран