
Киев вчеравечер беше под силен воздушен напад. Според првичните информации, повеќе руски ракети навлегле во украинскиот воздушен простор, додека над главниот град се регистрирала интензивна активност на противвоздушната одбрана.
Очевидци јавуваат дека станбени згради биле зафатени од пожари, а експлозии се слушале во повеќе делови од градот. Над Киев се слушало и дејствување против беспилотни летала од типот „Шахед“, при што дел од нив биле соборени.
Надлежните служби биле на терен, а жителите биле повикани да останат во засолништа и да ги следат официјалните инструкции. Засега нема официјални податоци за бројот на жртви или причинетата материјална штета.























