УТРО.мк

Унгарија воведе нова забрана за увоз на украинска храна

Унгарија воведе нова забрана за увоз на украинска храна
Vero

Унгарската Влада донесе одлука за повторна забрана на увозот на земјоделски производи од Украина, со цел заштита на домашното производство и стабилизирање на пазарот. Одлуката ја соопшти премиерот Петер Маѓар преку објава на социјалната мрежа Икс.

Мерката опфаќа повеќе категории производи, меѓу кои говедско, свинско, јагнешко и живинско месо, како и замрзнат зеленчук и житни култури.

Од унгарската Влада најавија и подготовка на нов закон со кој ќе се создаде правна основа за продолжување на ограничувањата и во наредниот период.

Министерот за земјоделство и храна појасни дека претходните мерки биле донесени во услови на вонредна состојба, која во меѓувреме е укината, па затоа е потребно ново законско решение.

Унгарија првпат воведе забрана за увоз на украински земјоделски производи во 2023 година, по реакциите на домашните земјоделци дека евтиниот увоз создава притисок врз цените и пласманот на локалното производство.

Прашањето за украинскиот извоз на жито и храна стана актуелно по почетокот на војната, кога Европската Унија воспостави таканаречени „коридори на солидарност“ за полесен извоз на украинските производи преку европските земји.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран