УТРО.мк

Украинците конечно открија ефикасен начин за заштита од руските дронови – руските напади врз логистиката отсега стануваат невозможни

Украинците конечно открија ефикасен начин за заштита од руските дронови – руските напади врз логистиката отсега стануваат невозможни
Vero

Тоа не се обични рибарски мрежи – тие се нова линија на одбрана од руски дронови на украинскиот фронт. Развесени над патишта, пунктови и артилериски позиции, мрежите се шијат во градови далеку од бојното поле или пристигнуваат како донации од рибари, пишува „Њујорк Тајмс“.

Целта е едноставна: да ги онеспособат руските дронови чиј пропелер може да се заплетка во густата мрежа. Станува збор за ефтин и ефикасен начин да се запре технологија што често е пребрза за класична одбрана.

Русија сè почесто користи дронови со оптички кабли, отпорни на радио блокирање – па токму мрежите се покажале како едно од ретките решенија.

„Дури и обична рибарска мрежа може да запре или оштети дрон“, вели потполковник Максим Кравчук од инженерскиот оддел на украинската армија. Тој додава дека мрежи веќе се поставуваат по целата фронтова линија, од исток кон југ.

Инспирацијата за ваквата тактика дошла од Москва. Русија уште во 2023 година почна да ги користи мрежите за заштита од украински дронови, поставувајќи ги над патишта и во близина на градови како Бахмут.

Сега, Украина планира да формира „мрежни коридори“ по целата линија на фронтот, за да ги заштити своите војници и возила од напади од воздух – со едно едноставно, но иновативно решение.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран