УТРО.мк

Украинските сили извршија страшни напади врз цели на територија на Русија

Украинските сили извршија страшни напади врз цели на територија на Русија
Vero

Едно лице загина, повеќе објекти оштетени во украински напад со дрон во Саратовската област

Во украински напад со дрон врз јужноруската Саратовска област загина едно лице, а неколку станови и индустриски објекти беа оштетени, соопшти гувернерот Роман Бусаргин.

На социјалните мрежи се објавени снимки со густ црн чад над индустриска зона, а според украинските медиуми, меѓу кои и „РБК-Украина“, во пожар е зафатена нафтена рафинерија во градот Саратов, административен центар на регионот.

„Неколку жители добија лекарска помош, едно лице е хоспитализирано, а за жал, едно почина“, изјави Бусаргин, додавајќи дека дел од жителите биле евакуирани откако остатоци од соборен дрон оштетиле три стана.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта уништиле 121 украински дрон, од кои осум над Саратовската област. Иако не е прецизирано за кој индустриски објект станува збор, извори за „Ројтерс“ потсетуваат дека рафинеријата на „Росњефт“ во Саратов претходно годинава прекина со работа поради слични напади со дронови.

Локалниот Телеграм канал SHOT јави дека биле чуени осум експлозии во Саратов и Енгелс, градови разделени од реката Волга.

Руската воздухопловна управа „Росавијација“ извести дека летовите во и од Саратов биле привремено прекинати околу два часот по полноќ поради загрозена безбедност на воздушниот сообраќај.

И Москва и Киев тврдат дека не таргетираат цивили. Украина наведува дека нападите во Русија се насочени кон енергетска и воена инфраструктура како одговор на руските напади од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран