УТРО.мк

Украински дронови ја погодија рафинеријата „Илски“: Евакуации во Таганрог, Русија се соочува со недостиг на гориво

Украински дронови ја погодија рафинеријата „Илски“: Евакуации во Таганрог, Русија се соочува со недостиг на гориво
Vero

Нови украински напади со беспилотни летала ја погодија руската енергетска инфраструктура. Во текот на ноќта избувна пожар во рафинеријата за нафта „Илски“ во Краснодарскиот регион, додека во градот Таганрог беа евакуирани жители од погодените подрачја поради нов напад.

Според локалните власти, во нападите нема загинати или повредени. Градоначалничката на Таганрог, Светлана Кубулова, соопшти дека е оштетена една приватна куќа и избувнал пожар во административна зграда, по што жителите од погодените области биле евакуирани.

Руското Министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана собориле дури 376 украински беспилотни летала.

Украина во последните месеци значително ги интензивира нападите врз руските рафинерии и енергетски капацитети, со цел да ги ослабне логистичките и воените способности на Москва. Рафинеријата „Илски“, која има капацитет за преработка на околу 138.000 барели нафта дневно, и претходно беше цел на украински напади.

Во меѓувреме, Русија се соочува со сериозни проблеми во снабдувањето со гориво. Поради оштетувањето на повеќе рафинерии, во бројни региони се создадоа километарски колони пред бензинските пумпи, а цените на горивата бележат значителен раст. Според извештаи на странски медиуми, возачи во некои делови од земјата чекаат и по 36 часа за да наполнат гориво, додека се појавија и информации за препродажба на места во редиците по високи цени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin