УТРО.мк

Украина тврди дека го нападнала еден од клучните руски аеродроми – лоши вести за Владимир Путин

Украина тврди дека го нападнала еден од клучните руски аеродроми – лоши вести за Владимир Путин
Vero

Украина тврди дека го нападнала рускиот воен аеродром Борисоглебск

Украинските одбранбени сили соопштија дека извршиле напад врз рускиот воен аеродром Борисоглебск во Воронешкиот регион, каде што, според тврдењата, се распоредени борбени авиони од типот Су-34, Су-35С и Су-30СМ.

Како што јавува државната агенција Укринформ, операцијата била спроведена денес од страна на единици на Специјалните оперативни сили на вооружените сили на Украина, во координација со други структури од составот на Одбранбените сили.

Целта на нападот, според Киев, била да се намали способноста на руската армија за спроведување воздушни напади врз украинска територија.

Според првичните информации, во нападот биле погодени транспортни авиони кои пренесувале наведувани бомби, како и еден авион за обука. Можно е, велат украинските извори, дека се оштетени и други летала кои се наоѓале на пистата.

Генералштабот на украинската армија потврди дека нападот е извршен, но истакна дека деталите и целосните резултати сè уште се проверуваат.

Инцидентот доаѓа само ден по ударот врз фабрика во московскиот регион, за која Украина тврди дека произведува компоненти за иранските борбени беспилотни летала „Шахед“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран