УТРО.мк

Трамп со жестока порака до Техеран: „Време е Иран да добие ново лидерство“

Трамп со жестока порака до Техеран: „Време е Иран да добие ново лидерство“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остри и директни пораки кон Иран и врховниот лидер Ајатолахот Али Хамнеи, оценувајќи дека земјата се наоѓа во длабока криза поради „катастрофално лидерство“ и повикувајќи на промени на врвот на власта.


Во објава на неговата социјална мрежа Truth што брзо се прошири,  Трамп порача дека „е време да се бара ново лидерство во Иран“, нарекувајќи го Хамнеи „болен човек кој не знае да ја води својата држава и кој мора да престане да убива луѓе“.


„Она за што е виновен како лидер е целосното уништување на државата и употребата на насилство на нивоа невидени досега“, напиша Трамп, додавајќи дека Иран поради лошото раководење станал „најлошото место за живеење во светот“.


Изјавите доаѓаат во момент на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, поради конфликтите на Блискиот Исток, нападите врз сојузници на САД и ескалацијата околу иранската улога во регионот.
Политички аналитичари оценуваат дека ова е најдиректниот напад на Трамп кон иранското раководство досега и сигнал дека Белата куќа подготвува нова, поостра стратегија кон Техеран.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран