Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација очекува Украина до следниот четврток да одговори на предлогот од 28 точки на Белата куќа, со кој би се ставил крај на руско-украинската војна. Во интервју за Fox News, Трамп изјави дека роковите можат да бидат флексибилни, но дека „четврток е денот кога се очекува јасен одговор“.
Според нацрт-планот до кој CNN дошол, Вашингтон предлага Украина да отстапи дел од својата територија на Русија, додека САД фактички би го признале Крим и другите окупирани области како руски. Планот предвидува и Украина да ја ограничи големината на своите вооружени сили.
Многу одредби од документот претходно беа одбиени од украински и европски претставници, кои ги сметаат за преголеми отстапки кон Москва.
На прашањето на водителот на Fox News дали планира укинување на санкциите кон Русија, Трамп одговори дека тоа не е опција.
„Не правам ништо што би значело укинување санкции“, порача Трамп.























