Лидерите на Европската Унија ќе одржат состанок утре на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург, на кој ќе ја разгледуваат актуелната ситуација во Украина. Ова денеска го соопштија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Разговаравме со претседателот Зеленски за моменталната ситуација и јасно наведуваме дека ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина“, истакнаа Кошта и фон дер Лајен на социјалната мрежа „Х“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го информираше Европскиот совет и Европската комисија за мировниот план за Украина, кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп. Состанокот утре се очекува да биде клучен за координацијата на европските позиции и за идните чекори во однос на украинската криза.























