Трамп ја номинираше Тами Брaс за заменик-амбасадорка на САД во Обединетите нации
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека ја номинираше Тами Брaс, портпаролка на Стејт департментот, за позицијата заменик-претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, со ранг на амбасадор.
„Со задоволство ја номинирам Тами Брaс, голем патриот, телевизиска личност и авторка на бестселери, за нашата нова заменик-претставничка на САД во ОН“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Трамп додаде дека Брaс од почетокот на неговиот втор мандат ја извршува функцијата портпарол на Стејт департментот, каде, како што истакна, „направи фантастична работа“.