
Во Вашингтон, на настанот во рамки на иницијативата „Одбор за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп јавно го изрази своето најсилно досегашно одобрување за унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Мојата поддршка за него е целосна и тотална“, порача Трамп пред присутните светски лидери, додавајќи дека ваквиот став не секогаш се доживува со одобрување во Европа. „Не секој во Европа ја цени оваа поддршка, но тоа е во ред“, истакна тој.























