
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 25-годишниот Л.Р. од населбата Тефериќ, осомничен за „давање лажен исказ“.
Според информациите од ОВР Струга, Л.Р. лажно пријавил дека ја изгубил својата возачка дозвола во Отсекот за управни работи. Истовремено, тој поднел и барање за издавање нов документ за управување со моторно возило, иако во тоа време имал активна забрана за возење.























