
Академик Панче Наумов (50), роден во Штип, го потврди своето место меѓу водечките светски научници. Наумов е вклучен на престижната листа на 2% највлијателни научници во светот, која ја објавува Универзитетот „Стенфорд“.
Минатиот месец, Наумов направи нов значаен исчекор во кариерата – стана полноправен член на Европската академија на науките, во Одделението за хемија. За неговото членство бил номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, професорот Омар Јаги од Универзитетот Нортвестерн во САД, а номинацијата била поддржана и од реномирани научници од Франција и Финска.
Тој со години живее и работи во странство, а моментално е универзитетски професор на Универзитетите „Њујорк“ и „Њујорк Абу Даби“.























