УТРО.мк

Трамп: Израел некогаш го имаше најмоќното лоби, што се случи?

Трамп: Израел некогаш го имаше најмоќното лоби, што се случи?
Vero

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Израел повеќе не располага со моќно лоби во американскиот Конгрес како што имал во минатото, оценувајќи дека тоа претставува значајна промена на политичката сцена.

Во интервју за Daily Caller, Трамп потсети дека пред две децении израелското лоби било „најмоќното што некогаш го видел“, но дека денес нема такво влијание. „Израел некогаш беше најмоќен. Денес веќе нема такво силно лоби. Неверојатно“, рече тој, додавајќи дека прогресивни конгресмени, како Александрија Окасио-Кортез, придонеле за промена на јавниот дискурс околу американската поддршка за Израел.

Изјавите на Трамп следеа по прашањето поврзано со истражувањето на Pew Research Center од март годинава, според кое 53 отсто од возрасните Американци имаат негативен став кон Израел, во споредба со 42 отсто во 2022 година.

Трамп истакна дека и во рамките на републиканското крило „America First“ расте скептицизмот околу продолжувањето на воената помош за Израел. Тоа го потврдуваат и податоците на Универзитетот Quinnipiac, според кои 60 отсто од американските гласачи се противат на испраќање дополнителна воена помош, додека половина од испитаниците, вклучувајќи 77 отсто од демократските гласачи, сметаат дека Израел во Газа врши геноцид.

Од почетокот на израелската кампања во октомври 2023 година, во Газа загинале повеќе од 63.000 Палестинци, а областа е разурната и соочена со глад. Истовремено, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства, додека пред Меѓународниот суд на правдата се води постапка по обвинение за геноцид.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран