УТРО.мк

Трамп: Го ликвидиравме најопасниот терорист на светот во тајна операција во Африка

Трамп: Го ликвидиравме најопасниот терорист на светот во тајна операција во Африка
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американските специјални сили, во координација со нигериската армија, ликвидирале еден од највисоките команданти на Исламска држава во операција спроведена во Нигерија. Според Трамп, станува збор за Абу-Билал ал-Минуки, кого го опиша како „најактивниот терорист во светот“ и втор човек во хиерархијата на ИСИС на глобално ниво.


Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп наведе дека акцијата била изведена по негова директна наредба и дека операцијата била „внимателно испланирана и исклучително сложена“.
„Вечерва, по моја команда, храбрите американски сили и нигериските вооружени сили успешно ја извршија мисијата за отстранување на најактивниот терорист во светот од бојното поле“, напиша Трамп.


Тој додаде дека Ал-Минуки повеќе нема да претставува закана за Африка ниту ќе може да учествува во планирање напади против американски цели.
Според американските власти, Ал-Минуки бил роден во Нигерија во 1982 година и веќе подолго време бил под санкции на САД поради неговата улога во терористичките активности на Исламска држава. Вашингтон го сметал за една од клучните фигури на ИСИС во западна Африка и за човек со значително влијание во координацијата на нападите и регрутацијата на милитанти.


Ова не е првпат администрацијата на Трамп да нареди воена акција против џихадистички групи во Нигерија. Во декември минатата година, Трамп соопшти дека американските сили извршиле „моќен и смртоносен напад“ врз позиции на Исламска држава во северозападниот дел на земјата, наведувајќи дека причината биле нападите и убиствата врз христијанското население.


Нигерија со години се соочува со сериозни безбедносни закани од повеќе екстремистички групи. Во северните и североисточните делови на земјата активни се Боко Харам, како и различни фракции поврзани со Исламска држава. Дополнителен проблем претставува и близината на Нигер и поширокиот регион Сахел, каде што милитантните организации имаат силно присуство.


Американските разузнавачки служби проценуваат дека Исламска држава од 2023 година ја предводи Абу Хафс ал-Хашими ал-Курајши, кој е петти лидер на организацијата од прогласувањето на т.н. „калифат“ во Ирак и Сирија во 2014 година.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран