УТРО.мк

Трамп до Путин: Имаш уште неколку недели

Трамп до Путин: Имаш уште неколку недели
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му остава „уште неколку недели“ на рускиот лидер Владимир Путин, продолжувајќи го рокот за можни последици врз Москва доколку не се одржи средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува Си-Ен-Ен. Целта на состанокот, според Трамп, е да се најде пат кон завршување на војната.

На прашањето на новинарката Алајн Трин од Си-Ен-Ен дали постои можност да не преземе никакви мерки доколку Путин одбие да седне на преговарачка маса, Трамп одговори:
„Ќе видиме. Ќе видам кој е виновен. Ако има оправдани причини, ќе ги разберам. Точно знам што правам. Ќе видиме дали ќе има средба – тоа ќе биде интересно да се види. А ако не се одржи, тогаш зошто не? Затоа што јас реков дека мора да ја има.“

Трамп додаде дека конечната одлука ќе ја донесе во најскоро време:

„За две недели ќе знам што ќе преземам“, рече тој, потсетувајќи дека веќе неколкупати јавно поставил временска рамка за да ја провери подготвеноста на Путин да стави крај на војната во Украина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран