Кениската авиокомпанија „Момбаса Ер Сафари“ соопшти дека 11 лица го загубиле животот во авионска несреќа што се случи денес, меѓу кои осум унгарски државјани, двајца германски патници и еден член на кенискиот екипаж.
Авиокомпанијата е специјализирана за туристички и чартер летови во Источна Африка, објави „Ројтерс“.
Локалните власти и спасувачките екипи работат на пронаоѓање на телата и утврдување на причините за несреќата. Управата за цивилно воздухопловство на Кенија (KCAA) започна истрага за инцидентот. Сè уште не е објавено точно местото на уривањето на авионот ниту околностите под кои се случила трагедијата.
Според потврдените информации од KCAA, авионот со регистрациски број 5Y-CCA, кој летал од Диани кон Кичва Темба, се урнал во 5:30 часот по локално време.































