
Едно лице е тешко повредено откако товарен воз излетал од мост и паднал во Минхен, во германската покраина Баварија.
Според германската новинска агенција ДПА, два вагона излегле од шините, се одвоиле од композицијата и паднале од висина од околу пет метри.
Полицијата соопшти дека засега се истражуваат причините за несреќата, како и тоа што точно превезувал товарниот воз.
Властите наведуваат дека товарот не претставува опасност за населението во околината.
Инцидентот се случил на железничка линија која најчесто ја користат товарни возови, соопшти портпарол на „Дојче Бан“.
Истрагата е во тек за целосно утврдување на околностите на несреќата.

















