УТРО.мк

„Ми беше жал за неа“ – изјавата на Трамп предизвика реакција од Мелони

„Ми беше жал за неа“ – изјавата на Трамп предизвика реакција од Мелони
Vero

Јавна размена на остри зборови меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџија Мелони предизвика внимание во меѓународната јавност, откако двајцата лидери изнесоа спротивставени тврдења за нивната неодамнешна средба.

Трамп, во интервју за италијанската телевизија La7, изјави дека Мелони наводно инсистирала да се фотографира со него.

„Ме молеше да се слика со мене. Многу го сакаше тоа. Нормално не сакав да го направам тоа, но ми беше жал“, изјави американскиот претседател.

Одговорот од Рим не доцнеше. Италијанската премиерка остро ги демантираше ваквите наводи, оценувајќи ги како целосно неточни.

„Изјавите на Доналд Трамп се целосно измислени. Искрено сум зачудена, не знам зошто претседателот на САД се однесува вака кон своите сојузници“, изјави Мелони.

Таа додаде дека ова не е првпат Трамп да упатува вакви коментари кон партнери на САД, нагласувајќи дека би сакала истата решителност да ја покажува и кон противниците на Западот.

„Можам само да кажам дека ми е жал што тој нема иста решителност кон непријателите на Западот, кон лидерите со кои, од друга страна, е многу поблаг. Едно треба да се запомни – Италија и јас никогаш не молиме“, порача Мелони.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin