
Иранските државни медиуми ја потврдија смртта на Али Лариџани (67), секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кој важеше за еден од највлијателните луѓе во земјата.
Врховниот совет за национална безбедност ја потврди веста, пренесува Al Jazeera, наведувајќи дека Лариџани бил убиен во атентат. Претходно, Израел соопшти дека го елиминирал во целни напади.
Во соопштение објавено од иранската агенција Mehr News Agency, се наведува дека Лариџани „по живот посветен на Исламската револуција, го достигнал мачеништвото на првата линија на службата“.
Во меѓувреме, тензиите дополнително се заоструваат. Израелската војска испрати директна закана кон Моџтаба Хамнеи, кој се споменува како нов врховен лидер на Иран.
„Ќе го пронајдеме и ќе го неутрализираме“, изјави портпаролката на израелската армија, нагласувајќи дека во моментов нема информации за неговата локација.























