УТРО.мк

Албанија со остар чекор кон Техеран: Иран прогласен за спонзор на тероризам, Израел ја поздрави одлуката

Албанија со остар чекор кон Техеран: Иран прогласен за спонзор на тероризам, Израел ја поздрави одлуката
Vero

Парламентот на Албанија денес усвои резолуција со која Иранската револуционерна гарда се прогласува за терористичка организација, а Иран за земја што го спонзорира тероризмот.

Владејачката Социјалистичка партија на Албанија соопшти дека целта на резолуцијата е јасно да се осуди државната поддршка на тероризмот, како и користењето на хибридни методи за дестабилизација, вклучително и сајбер напади врз институции на суверени држави.

Албанските власти нагласија дека ова прашање не е далечен геополитички проблем, потсетувајќи дека земјата била директно погодена од сајбер напади во 2022 година. Тирана тогаш го обвини Техеран за нападите што го нарушија функционирањето на владините системи.

Дополнително, беше посочено дека нападите најверојатно биле одмазда поради тоа што Албанија им даде засолниште на членови на иранска опозициска организација, по што Тирана ги прекина дипломатските односи со Иран.

Одлуката веднаш беше поздравена од Израел. Министерот за надворешни работи Гидеон Саар упати пофалби до премиерот Еди Рама и албанскиот парламент, оценувајќи ја како „историска резолуција“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран