
Серија напади со дронови и ракети ја таргетираа Американска амбасада во Багдад рано утрово, во еден од најсериозните безбедносни инциденти во ирачката престолнина во последниот период.
Народен фронт за мобилизација (PMF), сојуз на паравоени групи поддржани од Иран, објави видео на кое се гледа дрон како лета во близина на дипломатскиот комплекс. Снимката прикажува FPV летало кое маневрира во воздушниот простор без видливи пречки.
Според безбедносни извори, неколку часа пред тоа бил спречен ракетен напад врз амбасадата, при што ирачката воздушна одбрана пресретнала повеќе проектили. Во исто време, дрон предизвикал пожар на покривот на хотелот Ал-Рашид, лоциран во строго обезбедената Зелена зона во Багдад, каде се сместени дипломатски мисии и често престојуваат странски претставници.
Ирачкото Министерство за внатрешни работи првично информираше дека „проектил“ го погодил хотелот, но подоцна појасни дека станува збор за беспилотно летало. Според официјалните информации, инцидентот не предизвикал жртви ниту значителна материјална штета.
Во друг напад, четири лица загинале при удар врз куќа, меѓу кои, според извори, имало и ирански советници. Овие настани дополнително ја зголемуваат загриженоста дека Ирак се вовлекува подлабоко во регионалните конфликти на Блискиот Исток.
По нападите, безбедносните сили ја блокираа областа околу дипломатските објекти, додека пожарникарски и медицински екипи интервенираа на терен. Очевидци пријавија експлозии и пожар во близина на хотелот, а според официјални лица, воздушната одбрана успешно пресретнала најмалку четири ракети насочени кон амбасадата.
Инцидентите доаѓаат во период на зголемени тензии во регионот, при што безбедносната состојба во Багдад останува кревка.
BREAKING: Jaw-dropping moment as a US C-RAM unleashes fire and fury with a successful interception of an attack on the US Embassy in Baghdad, IraqThe sounds it makes is freaking INSANE.pic.twitter.com/DsmoFjJvXu— Eric Daugherty (@EricLDaugh)March 16, 2026























